сабота, 27 јули 2024

Приштина соопшти дека се откриени десетици униформи на српската полиција на северот на Косово

Министерот за внатрешни работи на Приштина Џељаљ Свечља изјави денес дека во едно село на северот на Косово се најдени десетици униформи на редовната и специјалната српска полиција, како и делови од униформи на косовската полиција.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

Тој на Фејсбук тврди дека косовските власти на основа на разузнавачки податоци нашле униформи во куќа во селото Доњи Исев во општината Лепосавиќ.

Свечља не наведе како униформите се нашле таму.

Тој додаде дека тоа е „уште еден доказ дека безбедносните механизми на Србија биле и остануваат одговорни за обиди на дестабилизација и припојување на северот на земјата“.

Свечља наведе дека униформите биле најдени околу две недели откако косовската полиција повторно запленила оружје на северот на земјата.

Тензиите на северот на Косово пораснаа минатата година откако косовската полиција се судри со група вооружени локални Срби во селото Бањска во Звечан, кога беа убиени еден косовски полицаец и тројца локални Срби.

Свечља тогаш тврдеше дека Косово има докази дека Србија се обидела да го припои северот на Косово и дека напаѓачите долго се подготвувале во воени бази на српската војска. Србија го демантираше тоа.

Од инцидентот во Бањска, косовските власти повеќе пати тврдеа дека заплениле оружје во српските општини на северот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ