сабота, 27 јули 2024

Приштина: Околу 400 српски екстремисти чекаат наредба од Вучиќ да го нападнат Косово

Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља кажа за Њуз24 дека „околу 400 српски екстремисти“ се обучуваат во близина на административната линија со Косово. Според косовскиот министер, за почеток на агресивни напади на Косово чекаат само наредба од српскиот претседател Александар Вучиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за полиција на Приштина додаде дека се обидуваат да спречат секакво „српско сценарио“, но и дека се спремаат да се соочат со тоа сценарио.

Свечља се осврна и на прашањето на укинувањето на српскиот динар на Косово и кажа дека целта на Косово е да биде демократска земја.

„Ние сме независна и суверена држава, но исто така сакаме да бидеме нормална, независна и суверена држава. Не тежнееме кон ништо друго освен да бидеме демократска земја во која владеат ред и закон. И дали тоа е одлуката за динарот или претходната одлука за табличките, за струјата, тоа се повеќе од нормални одлуки на земја која тежнее да биде дел од ЕУ и НАТО“, кажа косовскиот министер.

Свечља за односот на косовскиот премиер Аљбин Курти со меѓународната заедница оцени дека нема раздор меѓу нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ