Министерот за полиција на Приштина додаде дека се обидуваат да спречат секакво „српско сценарио“, но и дека се спремаат да се соочат со тоа сценарио.
Свечља се осврна и на прашањето на укинувањето на српскиот динар на Косово и кажа дека целта на Косово е да биде демократска земја.
„Ние сме независна и суверена држава, но исто така сакаме да бидеме нормална, независна и суверена држава. Не тежнееме кон ништо друго освен да бидеме демократска земја во која владеат ред и закон. И дали тоа е одлуката за динарот или претходната одлука за табличките, за струјата, тоа се повеќе од нормални одлуки на земја која тежнее да биде дел од ЕУ и НАТО“, кажа косовскиот министер.
Свечља за односот на косовскиот премиер Аљбин Курти со меѓународната заедница оцени дека нема раздор меѓу нив.