Кога човекот е немоќен, тогаш природата доаѓа на помош. Но до кога тие што се надлежни да изнајдат и спроведат краткорочни и долгорочни мерки за здрава животна средина ќе се потпираат на природата и ќе чекаат таа да ги преземе работите во свои раце?
Депониите природата не може да ги исчисти ниту да ги чува од истурачи на ѓубре и ѓубрепотпалувачи. Не може природата да ги научи луѓето на што да ги загреваат домовите ниту може да им овозможи подобар стандард па да не палат во печките нееколошки и отпадни материи. Не може ниту да ги контролира индустриските капацитети. Ниту да го регулира сообраќајот ниту да набави електрични и возила на гас.
Природата не може ниту да ни донесе култура. Може ете, одвреме – навреме да дојде на помош. Но природата знае и да казни поради лошиот однос кон неа па да ги засили ветровите или да предизвика поплави. Тоа ни се има случено.
П.Џ.