Подоцна, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле 37 куршуми различен калибар. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него по брза постапка ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведено лице со 200 пакувања со дрога
Со 200 пакувања со бела и кафеава прашкаста материја и бела грутчеста материја вчера во Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К. (24) од Скопје. При прегледот кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од прашкаста материја.
Објавено на
часот