сабота, 27 јули 2024

Принцот Мајкл ќе ја посети Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Груевски и принцот од Кент

Тој ќе престојува во работна посета од 28 јануари до 1 февруари.

Кристофер Ивон, британскиот амбасадор во Македонија, информира дека посетата е во рамките на одбележувањето на 2012 година како посебна за Велика Британија, која ќе ja означат два големи јубилеи – 60 години од владеење на кралицата Елизабета Втора и одржувањето на Летните олимписки игри во Лондон.

„Оваа посета го содржи она што е големо и значајно во Велика Британија оваа година и ќе биде во духот на дијамантскиот јубилеј на Кралицата и на Олимпијадата и на сите руги активности. Но, исто така, таа ќе покаже една силна нишка и зајакнување на односите помеѓу Британија и Македонија“, вели амбасадорот Ивон.

Реј Пауер, претседател на Британската бизнис-група во Македонија, соопшти дека во рамките на петдневниот престој во Македонија принцот Мајкл ќе има средби со претставници во повеќе сектори од областа на земјоделството, рударството, од фармацевтската и од автомобилската индустрија.

Предвидено е тој да има средби и со локални бизнис-лидери.

Посетата на принцот Мајкл од Кент е трета посета на член од британското кралско семејство во Македонија. Принцот Чарлс од Велс ја посети Македонија во 1998 година, а принцот Едвард во 2006 година ги отвори новите простории на британската амбасада.

Принцот Мајкл од Кент е консултант во повеќе области. Познат е како голем лобист и поддржувач на британските мали и средни претпријатија.

Роден е во 1942 година. Тој е четврти син на кралот Џорџ Петти и принцезата Марина, која е ќерка на принцот Николас од Грција и на големата војвотка Владимировна од Русија.

Покрај воената кариера, поради руските семејни врски важи за голем познавач на односите со Русија и е промотор на британско-руските односи. Покровител е на Руско-британската стопанска комора и на голем број различни трговски здруженија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ