петок, 18 октомври 2024

Принцот Алберт во средиштето на корупциски скандал

Објавено на

часот

Сподели

Клод Палмер (67), управителот на имотот на Алберт, доби наредба да се повлече, откако на анонимна интернет-страница објави дел од тие сомневања, по што го обвинија за широко распространета корупција во кнежевството Монако. Оваа држава, инаку, има само 37.000 жители, но сразмерно најголем број милионери во светот. Случајот предизвика серија граѓански тужби и кривична истрага за наводите за корупција, пишува „Тајмс“.

Постои можност оваа афера да открие и државни тајни на Монако.

Принцот Алберт, го отпушти и Лоран Анселми (61), неговиот шеф на кабинет, па јавно се огради од Тјери Лакост (63), неговиот адвокат и пријател од детството, како и од Дидије Лино (75), претседател на Врховниот суд на Монако. Аферата претставува опасност од откривање на тајните и на самиот принц Алберт, на пример, за неговиот љубовен живот или бракот со принцезата Шарлин што постојано е под лупа на јавноста. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ