Фото: Ататурк и Окјар
„Го најавуваме проектот, кој опфаќа истражување и изложба за прилепчанецот Али Фети Окјар. Роден во Прилеп и еден од првите, најблиски соработници на таткото на современа Турција, Кемал Ататурк. Цел живот се поддржуваат и низ сите активности и должности што ги извршуваат се и двајцата најважни личности, можеби, за создавањето на турската република“, изјави Рубин Белчески, исторчар од Заводот и Музеј и носител на проектот.
Тој бил двапати премиер на Република Турција, петпати пратеник, но и претседател на турското Собрание, министер за внатрешни работи и за правда, амбасадор на Турција во Бугарија, Франција и во Велика Британија. Едноставно – близот соработник на таткото на современа Турција – Мустафа Кемал Ататаурк. Заедно ги биеле битките за создавањето на новата, современа држава. Окјар се родил во Прилеп во 1880 година. Со Кемал Ататаурк заедно учел во битолската Воена гимназија, а потоа и на Воената академија во Истанбул. Во родниот Прилеп за Окијар малку се знае, а нема траги во прилепскиот архив.
Фото: Рубин Белчески
„Со самата изработка на проектот, имаме предвид дека може да покренеме иницијатива, во соработка со локалната самоуправа да отвориме спомен-соба на Окјар, како што има за Ататурк во Битола. Дали ќе биде или име на улица, ќе одлучуваме. И со поддршка на други институции да потсетиме за значењето на Али Фети Окјар за соработката и унапредување на и онака добрите односи со Република Турција. Тоа многу ќе значи за стопанската, културната соработка и за туризмот, воопшто. Проектот официјално почнува в понеделник. Инаку на 7 мај се навршуваат 80 години од смртта на Окјар. В понеделник од 18 часот во прилепската Градска библиотека Борка Талески меѓу другите ќе бидат и амбасадорот на Турција во Македонија, конзулот, неговиот внук од син Али Фети Окјар, кој ќе пристигне од Истанбул. Ќе има и фото презентација на Окјар, изјави Белчески.