На мозоците што емигрирале од Апсурдистан им досади да се акаат по белиот свет на Паметот, па решија да се вратат назад и да бидат дел од големата обнова на својата земја.
Но уште веднаш се соочија со голем проблем. Имено, се испостави дека во Апсурдистан немаше доволно глави во кои мозоците би се населиле. Иако само најмудрото суштество во Апсурдистан, Големиот Зајак, своевремено великодушно прими дури неколку илјади мозоци во својата глава (или црпка, како што малата група политички некоректни противници на Големиот Зајак ја именуваа) – од кои речиси половината беа распоредени во неговите велелепни уши – сепак сѐ поголем стануваше бројот на мозоци кои безглаво се акаа по апсурдистанските улици. Тогаш најмудрото суштество во Апсурдистан, неговиот премиер, се налути и донесе закон со кој секој апсурдистански граѓанин мора да прими најмалку илјада мозоци во својата глава.
Шљупков, меѓутоа, не сакаше толку многу мозоци во својата глава, па побара азил во Лудилото. Неговото барање уште се разгледува.
Рајко Пеколски