сабота, 27 јули 2024

Прилепското обвинителство побара притвор за малолетникот осомничен дека убил дете

Прилепското Основно јавно обвинителство (ОЈО) побара притвор до 30 дена за малолетникот од долненското село Сенокос, кој е осомничен за убиството на 14-годишното момче убиено синоќа во центарот на Прилеп. Вториот приведен од полицијата, 21-годишникот со иницијали В.Т. е задржан на испитување во својство на сведок.

Објавено на

часот

Сподели

До судијата за деца при Основниот суд во Прилеп е поднесен предлог за определување на мерката притвор до 30 дена за 15-годишниот малолетник од селото Сенокос поради постоење основано сомнение дека извршил убиство.

„Ова е потешко кривично дело зашто станува збор за убиство на малолетник. На испитување како сведок е задржан 21-годишникот со иницијали В.Т.“, ијави основниот јавен обвинител од Прилеп, Стевчо Биноски.

Убиството на 14-годишното момче се случи вчера по 19 часот во центарот на Прилеп. Трагедијата почнала прво во влезот од познатата прилепска колективна зграда поната како  „Деветкатница“  каде момчето физички било нападнато и избодено до смрт со остар предмет. Во еден момент момчето побегнало, се упатило по тротоарот на булеварот Гоце Делчев, но по неполни 100 метри окрвавен паднал на тлото. Екипа на итна медицинска помош констатирала многу крвави рани на телото и немало видливи знаци на живот. Момчето било пренесено во Градската болница на одделот за анестезија и реанимација, но сите обиди да му помогнат биле безуспешни.

Полицијата соопшти дека го расчистила случајот. При претресот рано изутрината во домот на малолетникот во селото Сенокос биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело. Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава

Меѓу малолетниците подолго време постела голема нетрпеливост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ