четврток, 12 декември 2024

Прилепска пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп

Прилепска пиварница како дел од кампањата „Мовембер – На здравје, за машкото здравје“ ја реализираше донацијата за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп, преку набавка на медицинска опрема во вредност од 600.000 денари.

Објавено на

часот

Сподели

И оваа година Прилепска пиварница, преку својот бренд Златен даб, ја спроведе кампањата „Мовембер – На здравје, за машкото здравје“ и месецот ноември го посвети на глобалното движење за подигнување на свесноста за редовна грижа за машкото здравје.

„Ноември стана симбол на машкото здравје во светски рамки, а кај нас преку брендот Златен даб веќе е неизоставен дел од нашата стратегија за општествена одговорност, која се фокусира на подигнувањето на свеста за рана превенција од најчестите заболувања кај мажите, но и за општото психофизичкото здравје. Годинава, во духот на одбележувањето на 100 годишнината на Прилепска пиварница одлучивме донацијата да ја направиме на Одделот за урологија во Општата болница во Прилеп и нашата грижа и солидарност за градот да биде пример кој треба да го следат и другите успешни компании“, изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска пиварница.

Компанијата веќе трета година е дел од глобалната иницијатива за подигнување на свесноста за поголема грижа за целокупното машко здравје, апелирајќи за редовна лекарска посета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ