понеделник, 3 март 2025

Прилепчани краделе дрва, битолската полиција им поднесе кривични пријави

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.О. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба. Во вториот случај полицијата СВР Битола поднесе кривична пријава против К.А. и А.И., двајцата од село Дебреште, Прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела одземање на моторно возило и кражба.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот случај на 3 јуни 2024 година на местото викано Борула, полициски службеници во кординација со шумска полиција го затекнале пријавениот со возило комбе форд натоварено со бесправно исечено огревно дрво, при што тој не застанал на даден знак од службениците и побегнал. Дрвата и возилото биле одземени и предадени на шумска полиција за понатамошна постапка.

Во вториот случај на 14 ноември 2024 година, полициски службеници пред село Рилево, запреле патничко возило форд транзит кое го управувале пријавените без согласност на сопственикот, при што било констатирано дека вршат транспорт на бесправно исечени дрва, кои потекнувале од државна шума и за кои не поседувале соодветна документација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ