петок, 18 октомври 2024

Прилеп е подготвен за прославата 100 години Прилепска пиварница

Денеска Прилепска пиварница одржа пресконференција на која ја најави прославата што ќе се одржи утре со почеток  од 20 часот, на централниот градски плоштад во Прилеп, за одбележување на јубилејот од стогодишнината од основањето на Прилепска пиварница.  

Објавено на

часот

Сподели

Посетителите ќе се забавуваат на добра музика, а за тоа ќе се погрижат реномираните
артисти Марија Шерифовиќ, „ДНК“ и „Тропико бенд“.
„Се надевам дека сите присутни на настанот ќе уживаат во програмата и дека ќе  понесат незаборавни моменти. Се трудевме да има музика за секоја возраст и за сечиј вкус за да можат да се забавуваат што повеќе наши сограѓани и гости што ќе дојдат од другите места. На настанот ќе биде поставена музичка сцена од златните времиња на Пивофест за подобро доживување на атмосферата. Дополнително ќе бидат поставени 12 шанка, каде што ќе може да се купи пиво и други пијалаци. Голема благодарност до градоначалникот на Општина Прилеп, господинот Борче Јовчески, за безрезервната поддршка што ни ја даде за организирање на овој настан, како и до сите сограѓани, но
и во целата држава, кои сиве овие години се лојални потрошувачи на нашите производи. Тие се нашиот извор на мотивација и ќе продолжиме да ги радуваме со 
нови производи и услуги, како и промотивни активности. Едно такво изненадување е 
подготвено за в сабота, на 13 јули, кога во целиот град, во сите угостителски објекти, 
цената на нашите домашни пива Златен Даб и Крали Марко ќе биде роденденска, 
односно симболични 50 денари“, изјави претседателот на Управниот одбор на 
Прилепска пиварница, Сашко Самарџиоски. 
„Од мое име и од името на локалната самоуправа на Општина Прилеп, на генералниот 
директор Сашко Самарџиоски и на неговото семејство Самарџиоски да им ја честитам 
стогодишнината од постоењето на Прилепска пиварница. Мора да признаеме дека со 
вакви јубилеи во Македонија, па и пошироко на Балканот, можат да се пофалат многу 
малку компании, особено во време на промени, економски предизвици и кризи. 
Верувам дека утревечер сите ќе можеме да уживаме во брендовите на Прилепска 
пиварница, а градот Прилеп е подготвен да ги прими сите посетители и гости што ќе 
дојдат в сабота и може да се гордее што има една ваква компанија“, изјави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ