петок, 1 ноември 2024

Прилеп е подготвен за чествувањето на 23 години од маскрот кај Карпалак

Со почит за загинатите пред спомен обележјето во кругот на прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечерва во Прилеп почнуваат чествувањата за 23-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски армиски резервисти кај месноста Карпалак на патот Скопје -Тетово. На 8 август 2001 година конвој на АРМ беше запрен во заседа во која загинаа Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Објавено на

часот

Сподели

Во касарната ќе биде посетена и Спомен-собата на 5-та ударна бригада- прилепска каде се фотографиите и спомените за 10-те загинати резервисти.

Во спомен на загинатите, во манастирот „Света Петка“ во прилепското село Лениште ќе се одржи богослужба.

Централното чествување е утре, на 8 август, пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп од 13 часот. Изутрината делегации ќе ја посетат месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, а ќе бидат посетени и вечните почивалишта на загинатите на прилепските градски гробишта и во населените места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ