сабота, 27 јули 2024

Пријавил во полиција дека неговата сестра излегла и не се вратила

Брат пријавил во полиција дека неговата малолетна сестра не се вратила дома и кажал каде се сомнева дека е можеби таа.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во 23.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.А.(26) од населбата Гоце Делчев – Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна сестра Ч.А(17).

Според пријавеното, велат од МВР можно е да се наоѓа кај нејзиното момче во населбата Илинден, кое тој не го познава. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ