Во однос на возрасната дистрибуција, 119 лица се на возраст од 15 до 64 години. Педесет се деца на возраст од пет до 14 години, а 38 до четири години. Четиринаесет се лица на возраст над 65 години.
„Заболените се пријавени од 16 ЦЈЗ/ПЕ, Дебар – 43, Скопје – 38, Гостивар – 36, Куманово – 23, Кавадарци – 20, Тетово – 12, Радовиш – 11, а во Охрид, Штип, Струга, Македонски Брод, Кичево, Прилеп, Битола, Ресен и Неготино, бројот на заболени е еднаков или помал од десет. Во 11 извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во четири – сезонска, а во Дебар – средна активност на вирусот на грип“, појаснија од ИЈЗ.
Од Институтот потсетија дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.
Заклучно со 52. недела, во државава вакцинирани се вкупно 72.143 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.