На 14.07.2024, по претходно пријавен настан за семејно насилство, полициски службеници го затекнале пријавениот како се заканувал со огнено оружје, кое го поседувал со дозвола. Потоа бил извршен претрес и од него биле одземени ловечка пушка, две воздушни пушки и муниција од различен калибар, а по извршените проверки било констатирано дека неовластено набавил и држел кај себе повеќе куршуми од дозволеното.
Пријавен за семејно насилство, доби кривична пријава за „неовластено оружје“
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.П.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Објавено на
часот