петок, 28 март 2025

Пријава за тројца осомничени, со туѓа лична карта подигнале пари добиени на игри на среќа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Х. од Тетово, Ј.Т. и фирма од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци и против Д.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, информираше МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата на 23 јули 2024 година, првопријавениот злоупотребил лични податоци на едно лице при подигнување на добивка од игри на среќа во подружницата на третопријавениот, приложувајќи му ја на второпријавениот личната карта од лицето, на чие име подигнал парични средства во своја корист.

„Второпријавениот, во својство на вработен како оператор во третопријавеното правно лице, без присуство на оштетената и без нејзина согласност, ги внел во системот нејзините податоци како таа да остварила добивка од игра на среќа. Четвртопријавениот, во својство на управител на третопријавеното правно лице, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување во вршење на своите овластувања, му овозможил на второпријавениот да го стори кривичното дело. Со наведените кривични дела, на оштетената и се ускратило правото на користење на социјална помош поради приливот на нејзината сметка по однос добивката од игри на среќа“, се наведува во билтенот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ