сабота, 27 јули 2024
Вело Марковски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Пријатели на Македoнија – Русија

Во следните неколку колумни, поединечно ќе опишам која држава ја гледам како пријател на Македонија. Со цел, моите колумни да бидат видени, покрај јавното објавување, линк од колумните ќе испраќам до амбасадите на САД, Русија, Турција, Израел и Србија, со замолница да бидат објавени во некој од медиумите во тие држави.

Во првата колумна од серијалот  „Пријатели на Македонија“ ги изнесов моите согледувања на историскитe аспекти и причините за „опструкција“ на современата македонска држава. Според мене повеќевековната стратегија и градење на „нов светски поредок“ се причина за негирање на старите народи и вредности од постарите цивилизации. Во услови на современата демократија и јакнење на улогата на Обединетите нации, особено по Втората светска војна, гледам пријатели, кои можат да ни помогнат.

Велам пријатели, затоа што досегашната политика на еквидистанца која Македонија ја водеше се покажа како неесоодветна за мала држава која ако нема искрени пријатели ќе биде лесен плен на разни платформи и големодржавни претензии од соседите.

Истокот нè отпиша, западот не нè запишува

За да се опишат историските односи помеѓу мајка Македонија и Русија мора да се навратиме барем до времето на Источното римско царство. Велам барем, затоа што не е, барем според мене, научно потврден периодот од античката историја и наводите дека моќната античка Македонија имала тесни трговски врски со териториите кои денес ги препознаваме како Украина и Молдавија. Источното римско царство со главен град Константинопол е најнапредната, најразвиена, најбогата и најмоќна држава во тогашниот свет во еден голем период од над 10 века. Од времето на Константин 1 (306-337 од н.е.) па сè до освојувањето на Константинопол од страна на Османлиите, Источното римско царство (македонско царство) се грижи за религијата и го промовира христијанството како единствен одговор на ересот и многубогштвото. Од 5 до 8 век вселенските собири биле свикувани од исторчноримските императори кои се сметале за одговорни пред бога за заштита на духовното здравје на народот. Цели три века (9, 10 и 11 век) во континуитет во Константинопол се императори од Македонската династија. Овој период е најуспешниот период во кој се развива наука, уметност, се живее во благосотојба. Во овој период особено важно за денешнава тема се блиските односи помеѓу Константинопол и киевска Русија. Врв на оваа братска соработка е бракот помеѓу кнезот Владимир и принцезата Ана по што во 988 година Русија станува православна земја. Принцезата Ана е сестра на императорот Василие втори бугароубиец, по род од македонската династија. Во следните неколку века чести се браковите помеѓу принцовите и принцезите меѓу руската и македонската царска династија. Многу често овие бракови биле крунисувани во Охрид. Пред тоа во 855 година Свети Кирил го даде словото на сите кои зборуваа ист јазик кој во основа е старомакедонски и после глаголицата сите овие народи почнуваат да се викаат „Словени“. Значи Словените не се народи кои дошле од позади Карпатите, туку векови пред тоа тие народи зборуваат на сличен јазик. Во тој период после 800 година Папата и католицизмот почнуваат да се двојат од влијанието на Источноримските императори и пробуваат католичката вера да ја прошират низ цела Европа. Значи Македонија како постара и успешна цивилизација и подарува на Русија слово, азбука, а потоа и православна вера. Но неколку века подоцна, Русија е таа која менаџира поделба на Македонија. Старата мајка, наместо да добие поддршка од своите синови и ќерки, тие се караат и тепаат за нејзиното наследство. Во 1867 година се создава таканаречен балкански сојуз со цел ослободување на Балканот од Турција. Односите помеѓу балканските земји се нарушуваат (особено помеѓу Србија и Бугарија) по егзархијата од 1870 година кога е дадена самостојност на бугарската православна црква. И покрај тоа има неколку обиди за договор за сојуз помеѓу Србија и Бугарија. Спонзор на ваков договор е царска Русија, но кралот Фернинад саксобурготски, цар на Бугарија кој е од лозата на моќната цасрка лоза (Саксобурготската лоза дава цареви на Бугарија, Португалија, Белгија и Англија, каде само името се менува од саксобурготска во виндзор) ги штити интересите на Австроунгарија и ги спречува тие договори. Секогаш, како причина за прекинување на тие договори била кому ќе припадне Македонија по ослободување од османлиското царство. Интересот на Австроунгарија е да има целосна контрола на Балканот и барем економски и политички да го контролира по протерувањето на Османлиите. Се инсталираат германски и австроунгарски кралеви во Албанија, Грција, Бугарија. Интересот пак на царска Русија е преку Санстефанска Бугарија таа да го има влијанието и да има излез на Јонско и Егејско Море. После Берлинскиот конгрес со кој се дава автономија на Источна Румелија (реално остварена во период од 1878 до 1885) и Македонија (никогш не е дадена), Русија форсира сојуз помеѓу Србија и Бугарија. Тие договори се интензивираат по Албанското востание во 1911 година и стравот од реалното влијание на Австроунгарија. Бидејќи никако не можело да се постигне договор чија ќе биде Македонија, Русија носи одлука дека сојузот помеѓу Србија и Бугарија единствено ќе се постигне само со поделба на Македонија. Овој договор е постигнат на 13 март 1912 година под покровителство на военото аташе на Русија во Софија полковник Романовски заедно со амбасадорите на Русија во Белград и Софија  Хертвиг и Некљудов, како круна на претходните преговори на кралот Петар, Никола Пашиќ со Извољски и Столипин во 1910 година во Петроград (со знаење на Франција и Англија). Овој договор од 13 март 1912 година во основа е насочен против Турција, Австроунгарија и Романија. Поделбата на Македонија во 1913 година во Букурешт е направена како резултат на повеќе од 30 годишни преговори започнати уште во 1867 година (Кога се знаат овие историски факти, интересно е како современата бугарска историја ќе ги оправда  претензиите кон макодонскиот идентитет, историја и јазик. Како ќе објасни зошто се преговарало повеќе од 30 години за поделба на сопствен народ? Да потпишеше договор за подлеба на нешто што е твое?). Како резултат на овие преговори на штета на Македонија и македонскиот народ е и опструкцијата од овие држави (Бугарија, Србија и Русија) на Илинденското востание. Големиот пријател на македонскиот народ, рускиот конзул во Битола Александар Аркадиевич Ростковски изјавува пред Илинденското востание: „мене многу ми е жал за македонското православно население, но Русија има други интереси и не очекувајте никаква помош“. Ростковски е убиен на 8 август 1903 година од Албанец во турската војска во присуство на Крсте Петков Мисирков.

Значи царска Русија прави голема стратешка грешка (за потсетување,  царската лоза на Русија е испреплетена со германските династии) и го замрсува Балканот. И денес односите во позадината не се променети, големоалбанските претензии потекнуваат од австроунгарската кујна и се уште се актуелни.

Каде е настанат прекин на историскиот континуитет? Зошто царска Русија не настапи заштитнички кон „својата мајка“. Одговорот е, незнаењето и фалсификатот на историјата што западот го направи со проектот наречен Византија. Татко на овој проект е Хиеронимо Волф, Германец, роден во 1506 година, кој со малку знаење грчки почнал да преведува грчки класици. Не бил историчар, малку знаел грчки и во тој романтичарски занес почнал да го употребува терминот византија. Во релано време никаде нема држава со име Византија (како што нема во релано време во антиката држава со име Грција, ниту пак постоела држава Турција до 1921 година). Овие преводи на Хиеронимо Волф многу му се допаднале на папата, и за 5 години, човек кој воопшто не е историчар пишува 5 тома историја на Византија (Corpus Historiae Byzantinae во 1557 година). Следува експанзија во тогашната западноевропска историска наука, и од оваа „историја“ се произлезени бројни научни трудови. Во 17 век Луј 14 издава уште 34 тома Corpus Historiae Byzantinae и се надоградба на историјата на Волф. Значи пред 1557 година никаде не се именува Источното римско царство како Византија. Западот го цементира фалсификатот со издавање на уште 50 тома „историја на Византија“ во Бон во период од 1828 до 1897. Тие се причините зошто Русија, но и останатите словенски држави подлегнаа на овие „научни факти“ бидејќи тешко е да прочиташ и исправиш 89 тома погрешно напишана историја.

Македонија и за време на Информбирото има претрпено штета од СССР и раскинувањето на Бледскиот договор од 1945 година помеѓу Југославија и Бугарија, со што се спречува спојување на Вардарска и Егејска Макеоднија.

Ако историјата нè учи дека Русија во последните 150 години не е пријател со Макеоднија, зошто сега јас ја гледам Русија како пријател на Македонија. Затоа што мислам дека од распаѓањето на СССР, Русија многу повеќе посветува време на историјата, ја сфаќа намерата за фалсификат на историјата и ја сфаќа опасноста од укинување на постоењето на македонскиот јазик. Наметнувањето на тезата (под покровителство на западот) дека старомакедонскиот јазик всушност е старобугарски јазик, и дека всушност старобугарскиот јазик е основа на рускиот јазик и на сите словенски јазици, е опасна теза која ќе доведе до губење на идентитетот, првин на Македонецот, а потоа и на идентитетот на сите словенски народи.

Русија сфаќа и мора да сфати дека Македонија е коренот, Украина е стеблото (гранките се Србија, Хрватска, Словенија, Чешка, Словачка, Полска…). А Русија е бујната крошна од лисја и цветови кои му даваат кислород на словенството. Ако дозволи да се пресечет корените, ќе се исуши и стеблото и гранките. Но, и ако се пресече стеблото, повторно дрвото ќе се исуши. Во моментов и Русија и Укриана си го сечат стеблото.

                           Вело Марковски,

                                             кандидат за претседател на Македонија

П.С. Ако некогаш се сретнам лично со господинот Лавров ќе му ја раскажам приказната за Персеј која ја нема во книгите, туку се пренесува усно од колено на колено.

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ