сабота, 27 јули 2024

Приходите од Суецкиот канал од почетокот на годината паднале за 40 отсто поради нападите на Хутите

Египетските приходи од наплатата на преминот низ Суецкиот канал од почетокот на годината паднале за 40 отсто во однос на истиот период 2023 година, изјави шефот на управата на Суецкиот канал Осама Раби.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Ројтерс, тоа е последица на нападите на јеменските Хути на бродови во Црвено Море, поради што главните бродски превозници почнаа да ја избегнуваат таа рута.

Прометот на бродовите е помал за 30 отсто во периодот меѓу 1 и 11 јануари, во однос на истиот период една година претходно, од 777 на 544, кажа Раби.

Суецкиот канал е клучен извор на странски валути кои му се неопходни на Египет. Властите во Каиро се обидоа да го зголемат тој приход во последните години, поради што во 2015 година каналот беше проширен.

Јеменските Хути со недели напаѓаат комерцијални бродови во Црвено Море за да ѝ дадат поддршка на палестинската милитантна група Хамас во нејзината борба против Израел. Многу комерцијални превозници ги пренасочија бродовите на други рути.

Раби кажа дека само бродовите кои морале веднаш да тргнат на своето патување тргнале по рутата околу Ртот на добра надеж, додека други чекаат ситуацијата да се стабилизира.

Загриженоста на превозниците за безбедноста не може да се надмине со снижување на наплатата на превозот или другите поттикнувања кои ги нуди Суецкиот канал, кажа тој.

„Поголемиот дел од робата ќе се врати (на рутата низ Суецкиот канал) кога ова ќе заврши“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ