сабота, 27 јули 2024

Пригожин тврди дека Вагнер го окупирал Бахмут, украинската страна негира

Објавено на

часот

Сподели

Пригожин овие тврдења ги изнел во видео на кое се појавил во униформа пред борците кои држеле руски знамиња и симболи на Вагнер.

„Денеска во 12 часот Бахмут е целосно окупиран“, изјави Пригожин.

Тој додаде дека неговите сили ќе се повлечат од Бахмут од 25 мај, на одмор и нова обука.

„Целосно го окупиравме градот, од куќа до куќа“, изјави Пригожин.

Бахмут е сцена на најдолгите и најжестоките борби во војната во Украина, пренесува Ројтерс.

Украинската армија негираше дека руската приватна паравоена организација Вагнер ја презела целосната контрола врз Бахмут и соопшти дека нејзините трупи продолжуваат да се борат таму.

„Тоа не е точно. Нашите единици се борат во Бахмут“, изјави портпаролот на украинската армија Серхиј Череваџи за Ројтерс откако водачот на Вагнер објави дека е постигната целосна контрола врз украинскиот град Бахмут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ