Бунтот заврши со договор со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Договорот подразбираше дека Пригожин ќе замине во Белорусија. Кремљ потврди дека неколку дена по бунтот Путин и Пригожин се сретнале во Кремљ, а Пригожин со себе ги зел и вагнеровците.
Yevgeny Prigozhin is already back in Russia from his exile to Belarus.
Spending time at Russia-Africa Summit in St. Petersburg. pic.twitter.com/CZHDr3ePv6
— Global Thinker (@talkrealopinion) July 27, 2023
По бунтот, Пригожин се појавуваше само на видеа и фотографии за кои се претпоставува дека се направени во Белорусија. На 14 јули руските медиуми објавија фотографија на која Пригожин седи на кревет во шатор.
Пет дена потоа се појави видео на кое се гледа како Пригожин ги поздравува вагнеровците во база во Асиповиче. Сепак, видеото беше снимено на слаба осветленост, па не можеше со сигурност да се каже кој се гледа на снимката. Директорот на ЦИА подоцна потврди дека основачот на Вагнер бил во Минск.