четврток, 13 јуни 2024

Пригожин: Ни се заканува револуција. Би можеле да ја изгубиме Русија

Објавено на

часот

Сподели

„Најверојатно ова сценарио нема да биде добро за Русија, па мораме да се подготвиме за напорна војна. Во таква состојба сме што би можеле е*ено да ја загуби Русија – тоа е главниот проблем… Мораме да воведеме вонредна состојба“, кажа шефот на Вагнер. Додаде дека во неговите политички погледи доминираат љубовта кон татковината и служењето на рускиот претседател Владимир Путин.

Руската елита, како што кажа, ги заштитила сопствените деца од војување, додека децата на обичните Руси гинат на фронтот, што е ситуација за која вели дека може да предизвика немири во Русија. „Ако обичните Руси продолжат да ги дочекуваат своите деца во ковчези додека децата на елитата се сончаат во странство, Русија ќе се соочи со превирања како револуцијата од 1917 која доведе до граѓанската војна“, кажа Пригожин.

Украина подготвува офанзива со цел да ги потисне руските сили назад преку границите пред 2014 година, кога Русија го анектираше Крим, кажа Пригожин.

Тој во интервјуто, објавено на каналот на Телеграм „Долгов зборува“ на блогерот Константин Долгов, кажа дека верува дека Украина сега има една од најсилните војски во светот. И покрај тоа што, според Пригожин Вагнер ги зазел сите територии кои планирал во источна Украина, истакна дека Украинците се многу организирани, високо обучени, нивната интелигенција е на највисоко ниво и можат да управуваат со кој било воен систем со подеднаков успех, вклучувајќи ги советските и тие на НАТО.

Кажа дека повеќе од 10.000 борци на Вагнер загинале во битката за Бахмут и додаде дека Русија не постигнала многу успех во својата цел за „демилитаризација на Украина“.

„На почетокот на специјалната воена операција Украинците имаа, да кажеме 500 тенкови, а сега имаат 5.000 тенкови и ако тогаш само 20.000 луѓе знаеја да се борат, сега има 40.000 такви луѓе. Па како сме ја демилитаризирале Украина? Се чини дека го направивме спротивното, ја милитаризиравме“, му кажа тој на Долгов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ