сабота, 27 јули 2024

Пригожин: Наша следна задача би можела да биде одбрана на руската територија

Објавено на

часот

Сподели

„Прво, потребен ни е најмалку еден месец за закрепнување по неколкумесечните борби во Бахмут. Следните задачи би можеле да се одвиваат на руска територија“, изјави Пригожин за руски воени новинари, пренесе Си-ен-ен.

Групи руски доброволци кои се противат на режимот на Путин го нападнаа Белгород, пограничен регион во Русија. Кремљ соопшти дека ги одбил нападите.

Вагнеровци треба да ја напуштат областа Бахмут до 5 јуни, а на нивно место ќе дојдат редовните сили на руската војска. Пригожин рече дека единиците на Вагнер ќе бидат привремено стационирани во задните кампови во регионите Доњецк и Луганск, далеку од линијата на фронтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ