Други приговори за прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во петата и шестата изборна единица до ДИК нема пристигнато.
По прегласувањето во избирачко место 2.101 во Ларце, Желино, коалицијата Европски фронт загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека коалицијата Вреди доби еден пратенички мандат.
Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на парламентарните избори коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата Вреди по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.