петок, 26 јули 2024

Прифатени се сите препораки на посредникот во процесот на преговори помеѓу МОН и СОНК

Објавено на

часот

Сподели

Прифатени се сите препораки на посредникот кој согласно позитивните правни прописи беше назначен да управува со процесот на преговори за надминување на предизвиците помеѓу Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура.

МОН и СОНК ги усогласија и ставовите за потпишување на нови колективни договори за основно и средно образование кои одат во прилог на унапредување на општествената и економска положба на вработените во двете области. Исто така, утврдена е и нова методологја за постојан раст на платите во образованието, како и спроведување на низа други заеднички активности за унапредување на воспитно – образовниот процес во училиштата.

Двете страни ги прифатија предлозите на посредникот кој се вклучи во преговарачкиот процес и тоа е нотирано во записникот кој е потпишан од учесниците на последниот состанок со кој процесот на преговори со посредство на трета страна завршуваат. Воедно, со тоа се потврди и дека опцијата за надминување на предизвици со помош на посредник е ефикасна и ќе овозможи продолжување, но и јакнење на социјалниот дијалог помеѓу МОН и СОНК, кои остануваат партнери фокусирани на градење подобар и поквалитетен национален образовен систем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ