среда, 15 јануари 2025

Прифатени една третина од приговорите на матурантите за државата матура

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку на кандидатите им е прифатен приговорот, се менуваат перцентилите и/или оценката по тој предмет. Во рамките на законските прописи, денеска (12 јули 2023)  Државниот испитен центар ги достави резултатите по однос на приговорите од државната матура од јунски испитен рок до училиштата. Овие резултати се конечни. Матурантите кои приговараа може да се јават денеска  до 15:30 часот на телефоните 075/ 258-862 (за мајчините јазици и математика) и на 076/ 346-486 за странски јазик, за да закажат увид во тестовите. Увидот во тестовите го вршат кандидатите лично во закажаниот термин на 13 јули 2023 во ДИЦ“, соопшти попладнево Државниот испитен центар. 

До крајот на неделава е пријавувањето на кандидатите за полагање на екстерниот дел од државната матура за августовски испитен рок.

Испитите ќе се реализираат на 10 август 2023 – кога ќе се полага Македонски јазик и литература, Албански јазик и литература и Турски јазик и литература, и на 11 август 2023 – кога ќе биде тестирањето на изборниот екстерен испит: Англиски јазик, Француски јазик, Германски јазик, Руски јазик, Математика, Естетика и Филозофија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ