сабота, 27 јули 2024

При судир на два автомобили тешко повредена е жена која била пешак

Вчера во 10.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.Македонско – косовска бригада во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ауди со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје и патничко возило фолксваген поло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(38) од с.Коњаре, скопско, при што бил удрен и пешакот З.У.(59) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.У., констатирани во Градска општа болница 8 Септември, а со телесни повреди се здобила Љ.П. констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ