Подоцна, по дополнително преземени мерки, полициските службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот на подрачјето на општина Аеродром, при што биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис, дигитална вага, бела грутчеста материја, таблети, пиштол зораки М 906 со рамка, пари и други предмети.
Според МВР, лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.