сабота, 27 јули 2024

При претрес во Кичево пронајдена дрога

Полицајци од Кичево, вчера го привеле В.С. (19) од Кичево откако при претрес во дом и помошни простории каде привремено престојувал биле пронајдени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, куршум и други предмети со остатоци од марихуана.

Објавено на

часот

Сподели

Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, како и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, лицето е приведено и задржано во ОВР Кичево, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува во соопштението од МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ