недела, 20 октомври 2024

Претставник на ОН: Половата дискриминација треба да се прогласи за воено злосторство

Објавено на

часот

Сподели

На втората годишнина од враќањето на талибанците на власт, откако меѓународните сили предводени од САД се повлекоа по 20-годишно присуство во Авганистан, Браун рече дека такво барање упатил до главниот обвинител на МКС, Карим Кан.

„Тоа е најлошиот пример за кршење на човековите права на девојчињата и жените во светот и ако дозволиме тоа да се случува и продолжи неказнето, тогаш и другите ќе се обидат да го сторат истото“, им рече Браун на новинарите.

Девојчињата постари од 12 години се исклучени од училиште по враќањето на талибанците на власт. Талибанците дополнително им забранија на жените да работат во хуманитарни агенции, ги затворија салоните за убавина и им забранија на жените да патуваат без машка придружба.

„Меѓународниот кривичен суд треба да ја признае родовата дискриминација како злосторство против човештвото и да ја истражи за одговорните да бидат кривично гонети“, рече поранешниот британски премиер.

Канцеларијата на Кан не одговори веднаш на барањето за коментар. Кан ги истражува наводите за воени злосторства извршени во Авганистан во изминатите 20 години. Талибанците тврдат дека ги почитуваат човековите права во согласност со нивното толкување на исламскиот закон.

Браун ги повика земјите со мнозинско муслиманско население да испратат делегација во Кандахар и да ги убедат талибанските лидери „да ја отстранат забраната за образование на девојчињата и вработување на жените што нема основа во Куранот или во исламската вера“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ