Лвова-Белова присуствуваше на неформалниот состанок на Советот за безбедност на ОН, кој го свика Русија за да разговара за евакуација на украинските деца од зоната на конфликтот. Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на 1 април.
„Додека Русија претседава со Советот за безбедност, ние ќе ја искористиме секоја можност да се спротивставиме на нивната употреба на позицијата за ширење дезинформации“, рече Линда Томас-Гринфилд, американска амбасадорка во ОН.
Таа додаде дека САД и Велика Британија го блокирале преносот на состанокот преку интернет, така што Лавов-Белова не добила „меѓународен подиум за ширење дезинформации и обид за одбрана на своите ужасни активности во Украина“.
Претставниците на САД, Велика Британија, Албанија и Малта ја напуштија конференциската сала за време на говорот на Лвова-Белова. Рускиот пратеник Василиј Небензија рече дека ова е јасен показател за „нивната рамнодушност кон судбината на децата од Донбас и Украина“.