Како што информираат од Министерството за одбрана, претходно, делегација од Генералштабот на Армијата положила цвеќе пред спомен-обележје на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров.
„Во чест на загинатите бранители на спомен обележјата свежо свеќе положија и членови на нивните семејства и делегации од кабинетот на претседателката и врховен командант на Армијата, од Владата, од Општините Ѓорче Петров и Бутел, граѓански здруженија и организации и претставници на политички партии“, соопштуваат од министерството.
На денешен ден, пред 23 години, на патот кај месноста Љуботенски бачила животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.