Во претставка се вели дека сето ова би се случило ако се додели концесијата за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река на Public power corporation S.A. – Greece & Archirodon group N.V. Greece кој со нашата ЕСМ требало да основа друштво за посебна намена.
„Ние во рамките на нашите граѓански можности се обративме со претставка до Уставниот суд на Република Северна Македонија, до Државното правобранителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и до Министерство за финансии – Биро за јавни набавки.
Како врховен командант на вооружените сили на Македонија и претседател на Советот за безбедност на Република Македонија сметаме дека треба да преземете соодветни мерки бидејќи со евентуалното давање на 70 годишно владеење на контролата на водотекот на Црна Река на странска држава, а фирмата ППЦ е грчка државна фирма идентично со нашата АД ЕСМ, се загрозува одбраната на државата согласно Стратегијата за одбрана на Републиката, Планот за одбрана на Републиката и Процената на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Републиката – документи кои Вие ги донесувате.
Од Вас како претседател, бараме да постапите по оваа наша претставка и да ги преземање сите потребни дејства и мерки за да се спречи повредата на јавниот интерес и одбраната на Републиката“.
Потписници на оваа претставка во име на Инженери на Република Македонија се инженерите Дениз Мустафаоглу, Илија Бендевски, Цвекто Милошески, Јордан Ставров, генерал потполковник Методија Величковски, професорите Константин Димитров, Ана Лазаревска, Дејан Трајковски, Атанаско Тунески, Вангел Фуштиќ.