вторник, 21 мај 2024

Претседавачката на Советот за безбедност на ОН го прекинуваше Вучиќ, нервозно тропајќи со рака по маса (ВИДЕО)

На синоќешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на која се расправаше за шестмесечниот извештај за работата на Унмик на Косово дојде до вербален судир меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседавачката со седница Ванеса Фразер од Малта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Давајќи му збор на Вучиќ, по кој зборуваше претседателката на Косово Вјоса Османи, претседавачката на седницата порача дека двајцата имаат три минути, според наводен договор кој претходно бил постигнат.

Претседателот на Србија негираше дека такво нешто било договорено, но кажа дека „нема врска“. Фразер му одговори дека било договорено, а Вучиќ ја прекина негирајќи: „Не, не е договорено“.

Фразер тогаш се налути, почна да тропа со рака по масата, наведувајќи дека е договорено и дека нејзината заменичка кажала дека е договорено. Истакна дека не дозволува нејзината заменичка да биде претставена како лажливка.

Седницата, покрај оваа сцена, ја обележа и присуството на повеќе непознати жени кои седеа зад косовската претседателка, за која кажа дека тие сведоци на злосторствата кои Србите ги вршеле на Косово.

Вучиќ протестираше поради присуството на овие жени, истакнувајќи дека тоа првпат се случува во Советот за безбедност.

„Вакво нешто првпат се случува во Советот за безбедност на ОН. Сте довеле луѓе кои не припаѓаат тука, ни во дипломатскиот тим, ни во советничкиот тим на госпоѓа Османи. Ова е политички театар и местенка за делегацијата на Србија“, кажа Вучиќ, истакнувајќи дека тој не можел да доведе Србинки силувани на Косово, затоа што потоа биле убивани.

Рускиот претставник Василиј Небензја истакна дека Османи нема право да носи тимови и делегации на седницата на Советот за безбедност, затоа што таа таму не претставува држава, туку е приватно лице.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ