среда, 11 декември 2024

Претседателот Пендаровски одби да прими совет од Мицкоски за законите за изградба на автопатиштата

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Стево Пендаровски денеска од Тетово повтори дека ќе ги чека конечните верзии на пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д по што во консултација со неговиот правен тим ќе одлучи дали ќе ги потпише. 

Во врска со вчерашното барање од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да не ги потпишува указите за пакетот закони, Пендаровски рече дека не прима совети од никого, а најмалку од политички партии. 

„Кога ќе ги донесат законите во конечна верзија и кога ќе ги изгласаат во парламентот, тогаш ќе седнеме со мојот правен тим и ќе видиме дали има основа за такво нешто. Инаку, во однос на потпишувањето укази за важење на законите, обично не примам совети од никого, а најмалку од политички партии“, нагласи претседателот на државата, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетот на Југоисточна Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ