недела, 20 октомври 2024

Претседателот на Венецуела одреди Божиќ да започне на 1 октомври

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро одлучи Божиќ да дојде три месеци порано во земјата. Протестите се проширија низ Венецуела по претседателските избори во јули. Домашната опозиција и дел од меѓународната заедница се сомневаат во официјалните резултати, според кои Мадуро доби трет мандат на чело на државата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Среде политичката криза и апсењето на илјадници свои критичари, поранешниот возач на автобус кој стана политичар се чини дека се обидува да го смени фокусот, пишува Скај њуз.

„Септември е и веќе мириса на Божиќ. Затоа оваа година, како начин да ви оддадам почит на сите вас и во знак на благодарност, ќе одредам предвремен Божиќ на 1 октомври“, рече Мадуро (61) во понеделникот вечер за време на својата неделна телевизиска емисија.

Следниот ден, венецуелската бискупска конференција ја критикуваше најавата, предупредувајќи дека празникот „не смее да се користи за политички или пропагандни цели“. Ниту граѓаните не се воодушевени од најавата на претседателот.

„Божиќ треба да биде време на радост, семејни собири, забави, подароци. Но, без пари и со оваа политичка криза, кој може да верува дека Божиќ ќе дојде толку рано?“, прашува Хозе Ернесто Руиз, 57-годишен канцелариски работник од Каракас.

Инес Кеведо, 39-годишна секретарка и мајка на две деца, додаде: „Сите сме загрижени за тоа како ќе ставиме храна на масата, како ќе платиме автобус, како ќе ги испратиме нашите деца на училиште и да купиме лекови кога ќе ни требаат. Мислам дека нема да ни ја подобрат платата или да ни платат божиќен регрес“.

Минималната плата во Венецуела не е променета од 2022 година и изнесува 130 боливари месечно или околу 3,55 долари.

Ова не е прв пат Мадуро да најави предвремен Божиќ. Тој го направи тоа за време на пандемијата на коронавирус, но тогаш Божиќ не дојде толку рано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ