среда, 19 март 2025

Претседателот на Унгарија ја потпиша забраната за „Парадата на гордоста“

Претседателот на Унгарија Тамаш Шуљок го потпиша законот со кој на ЛГБТ заедниците им се забранува одржување на „Парадата на гордоста“, прописот чие усвојување синоќа со факели се обиде да го спречи опозицијата во Собранието.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Законот е усвоен по забрзана процедура само еден ден откако го предложи партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан. Малку им требаше на организациите за човекови права да се кренат на нозе и со приврзаниците да го блокираат мостот во центарот на Будимпешта.

Новиот закон, освен што ја забранува „Парадата на гордоста“ со образложеие дека би можела да биде штетна за децата, ѝ дозволува на полицијата да користи камери за препознавање на лица за да ги идентификува учесниците на настаните и да изрекува парични казни.

Премиерот на Унгарија е познат како критичар на ЛГБТ заедницата, поради што често доаѓа во судир со Европската Унија. И овој пат реагираа високи функционери на ЕУ со потсетување дека правото на собирање е основно човеково право и барање да се стави вето на законот .

Критики стигнаа и однатре – градоначалникот на Будимпешта и противник на политиката на Орбан Гергеј Карачоњи најави дека овогодинешната парада би можела да биде поголема од кога и да е.

„Будимпешта е град на слободата – прајдот ќе се одржи“, порача Карачоњи.

И покрај забраната, организаторите потврдија дека планираат да ја одржат овогодинешната парада на 28 јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ