сабота, 27 јули 2024

Претседателот на Уганда: Африка треба да го спаси светот од хомосексуалноста

Објавено на

часот

Сподели

Нацрт законот, со кој се наметнуваат смртна казна за „тешка хомосексуалност“ и доживотен затвор за „регрутирање, промовирање и финансирање истополови активности“, наиде на критики од Западот.

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права го повика претседателот на Уганда да не го потпишува законот.

„Хомосексуалноста е голема закана и опасност за размножувањето на човечката раса. Африка треба да го спаси светот од оваа дегенерација и декаденција, опасна за човештвото. Ако луѓето од спротивен пол престанат да бидат едни со други, како тогаш луѓето ќе се размножуваат?“, кажа Мусевени.

„Бранот на хомофобија и трансфобија во Уганда и Африка нема врска со угандските и африканските вредности. Станува збор за прикриена кампања на американски евангелисти преку локални актери.

Нивните тврдења за африканските семејни вредности се само кампања на омраза и наметнување на тесниот христијански поглед на светот на сите.

Геј заедницата во Уганда е мета на овие дезинформации, омраза и културни војни“, кажа за Гардијан Николас Опијо, адвокат за човекови права и геј активист во Уганда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ