сабота, 27 јули 2024

Претседателот на Тајван подготвен за соработка со Кина

Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те, по завршувањето на кинеските воени маневри околу Тајван, изрази подготвеност да соработува со Кина за постигнување на „взаемно разбирање и помирување“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лаи за време на митингот во неделата организиран од неговата Демократска напредна партија (ДПП) рече дека неговиот инаугуративен говор во понеделникот потсети дека „мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец се неопходни елементи за глобалната безбедност и просперитет“.

„Тогаш исто така ја повикав Кина заеднички со Тајван да преземе важна одговорност за регионалната стабилност. Исто така, со нетрпение очекувам да го зајакнеме меѓусебното разбирање и помирување преку размена и соработка со Кина… и патот кон ставот на заеднички мир и просперитет“, рече Лаи.

Тој беше инаугуриран за претседател на Тајван во понеделникот, под будното око на Пекинг, кој го смета островот за една од своите провинции, која допрва треба да ја обедини со својата територија од крајот на кинеската граѓанска војна.

Во четвртокот и петокот Кина 48 часа спроведуваше воени маневри околу Тајван во знак на протест поради говорот на новиот претседател на Тајван, кој го смета за сепаратистички.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ