сабота, 27 јули 2024

Претседателот на Кина Си Џинпинг ѝ го честита на Сиљановска изборот за претседател

Претседателот на НР Кина Си Џинпинг упати честитка до Гордана Сиљановска-Давкова по повод нејзиниот избор за претседател на Македонија, пренесува кинеската новинска агенџција Ксинхуа.

Објавено на

часот

Сподели

Кина и Македонија одржуваат длабоко традиционално пријателство, вели кинескиот претседател во честитката, додавајќи дека во последните години, практичната соработка меѓу двете земји постигна солиден напредок и донесе придобивки за двата народа.

Истакнувајќи дека високо го цени развојот на билатералните односи, Си Џинпинг истакнува дека е „подготвен да работи со својата колешка од Северна Македонија за продлабочување на меѓусебната политичка доверба и проширување на размената и соработката, со цел пријателските односи меѓу Кина и Северна Македонија да се подигнат на ново повисоко ниво“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ