сабота, 27 јули 2024

Претседателот на Иран загина во хеликоптерската несреќа

Во хеликоптерот бил и шефот на иранската дипломатија. Нивната смрт ја потврди иранската државна телевизија.

Објавено на

часот

Сподели

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа заедно со министерот за надворешни работи на Азербејџан Хосеин Амиромабдалохјан, јави иранската државна телевизија. Нивната смрт е потврдена по хеликоптерската несреќа во источен Азербејџан, јави Прес ТВ, не наведувајќи извор.

Хеликоптерот со претседателот Раиси и Амирабдолахиан се урнал додека летал над планинска област, низ густа магла, враќајќи се од посета на границата со Азербејџан, јавува Ројтерс, наведувајќи дека тоа им го кажал ирански претставник.

Новинската агенција ИРНА објави дека е идентификувана точната локација каде што се случила несреќата. Како што изјавија вчера, потрагата била во тек во близина на областа Варзакан, која припаѓа во raisiиранската провинција Источен Азербејџан, но операцијата била отежната поради темнината и лошите временски услови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ