Двајцата претседатели детално разговарале за ситуацијата на Блискиот Исток, по израелскиот напад и одговорот на Иран.
Како што истакнал Раиси, одговорот на Иран бил изнуден и имал ограничен карактер. Тој најави дека Техеран не сака натамошна ескалација на ситуацијата.
„Владимир Путин изрази надеж дека сите страни ќе покажат разумна воздржаност и нема да дозволат нова рунда конфронтација, која би имала катастрофални последици за целиот регион“, се вели во соопштението.
Разговорот се водел по иницијатива на иранската страна.
Вечерта на 13 април, Иран лансираше беспилотни летала и проектили кон Израел, нарекувајќи го тоа одговор на многубројни злосторства, вклучително и воздушниот напад врз конзулатот на Републиката во Дамаск.