Масуд Пезешкијан ја даде изјавата на втората годишнина од смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена поради наводно неправилно носење хиџаб, а потоа почина во притвор. Нејзината смрт предизвика масовни протести.
ОН минатата недела соопштија дека иранската влада од тој период „ги засилила напорите“ да ги потисне правата на жените и да го уништи активизмот. Сепак, вчера Пезешкијан изјави дека режимската морална полиција повеќе не треба да се соочува со жените на улица, пишува Би-би-си.
Пезешкијан, стана претседател откако неговиот претходник, ултраконзервативниот Ебрахим Раиси, загина во хеликоптерска несреќа. Новиот претседател многумина го сметаат за потенцијален реформист.
На првата конференција што ја одржа по преземањето на функцијата, тој одговараше на прашања на новинарка која рече дека одела по заобиколен пат до конференцијата за да ги избегне полициските комбиња.
Носеше лабава марама и ѝ се гледаше косата. На прашањето на Пезешкијан дали полицијата сè уште е на улица, таа потврди дека е. „Моралната полиција не треба да се соочува со жените. Ќе се погрижам полицијата да не ги вознемирува жените“, рече тој.
🔺واکنش پزشکیان به سوال خبرنگار: باز هم گشت ارشاد اذیت میکند؟ قرار نبود ادامه دهند، پیگیری میکنم pic.twitter.com/60Yxi1A8tA
— hadi mohammadi (@m_h_mohammadi) September 16, 2024
Неговите коментари беа емитувани во живо на главните државни ТВ мрежи. Снимката од разговорот со новинарката стана вирална.
Покрај тоа, за време на неговата изборна кампања, тој вети дека ќе се спротивстави на полициските патроли кои наметнуваат задолжително носење хиџаб. Тој, исто така, вети дека ќе ги олесни некои од долгогодишните контроли на интернетот во земјата.