четврток, 6 март 2025

Претседателот на хрватскиот сабор во посета на Македонија, посебен сообраќаен режим во Скопје

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Поради посетата на Јандроковиќ, денеска и утре на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.

 

Објавено на

часот

Сподели

Јандроковиќ денеска ќе го посети македонското Собрание, каде ќе биде свечено пречекан со високи државни и воени почести.

Како што најавуваат од собраниската прес-служба, Јандроковиќ ќе има тет-а-тет средба со Африм Гаши, претседател на Собранието на Македонија. По средбата со Гаши, предвидени се разговори на делегациите на двете земји заедно со двајцата претседатели на парламентите.

Според најавата од Собранието, Јандроковиќ ќе се потпише во Книгата на впечатоци и ќе следуваат изјави за медиумите на двајцата собраниски спикери.

Претседателот на хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ  ќе се обрати пред пратениците во рамки на денешната 37 седница.

Тој ќе се сретне и со Благица Ласовска, претседателка на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со парламентот на Република Хрватска и со членовите на групата.

„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска и утре поради официјалната посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје“, информираат од МВР.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ