„Не гледаме причина за ограничување на активностите на Украинците“, рече Стуб на прес-конференција, пренесува порталот Иле.
Тој исто така рече дека Украина може да го користи оружјето што го испорачува Финска на руска територија.
„Немаме никакви ограничувања за тоа каков вид оружје и на кој начин Украина може да го користи. Почетната точка за сè е дека Украина има целосно право да се брани во рамките на меѓународното право“, истакна финскиот претседател.