сабота, 27 јули 2024

Претседателот на Финска: Нема услови за преговори со Русија, воената акција е единствениот начин да се постигне мир во Украина

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека воената акција е единствениот начин за постигнување мир во Украина и дека нема услови за преговори со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во конкретниов случај, единствениот начин да се постигне мир е борба“, рече Стуб во интервју за Си-ен-ен.

Тој истакна дека постигнувањето мир е двонасочен процес.

Според него, неопходно е двете страни „да се вкрстат во одредена фаза, кога ќе се создадат услови за тоа“.

Стуб изјави дека не знае кога ќе се појават потребните услови за тоа.

„Во моментов немаме никаков политички дијалог со Русија. И мислам дека не можеме ниту треба да го водиме“, заклучи финскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ