сабота, 27 јули 2024

Претседателот на Ел Салвадор повика на итен состанок: министрите под лупа

Претседателот на Ел Салвадор, Наџиб Букеле, на јавна средба до сите министри во владата на оваа земја најави дека против него ќе биде покрената истрага за корупција.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во видеото кое Букеле го објави на својот профил на социјалната платформа Икс, претседателот на Ел Салвадор може да се види пред ТВ камерите како бара од државниот обвинител да ги истражи сите министри во владата за примање мито.

Поради ваквиот потег Букеле доби голем број позитивни коментари, а интересна беше и реакцијата на министрите кои беа шокирани од оваа објава.

Претседателот на Ел Салвадор дојде на оваа фукнција на 1 јуни 2019 година и има голема поддршка меѓу жителите на оваа земја.

Главната причина за тоа е неговата отворена војна против бандите, која е во фокусот на неговата политичка програма откако ја презеде функцијата.

Покрај тоа, бројните популистички потези и начинот на комуникација се исто така причина за високата поддршка на Наџиб Букеле кај населението во Ел Салвадор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ