сабота, 27 јули 2024

Претседателот на Еквадор прогласи состојба на „внатрешен оружен судир“ по нападот на вооружени наркобанди (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателот Даниел Нобоа прогласи со декрет дека Еквадор е во состојба на „внатрешен оружен судир“ и нареди неутрализација на бандите вмешани во трговијата со дрога.

Објавено на

часот

Сподели

Со претседателскиот декрет се признава „постоење внатрешен оружен судир“ и се наложува „мобилизација и интервенција на оружените сили и полицијата за да се гарантира суверенитетот и националниот интегритет против организираниот криминал, терористичките организации и недржавните завојувани страни“.

Претседателот Нобоа исто така наредува „неутрализација“ на сите криминални групи и дава детална листа: „Агуилас, Агилас килер, Ак47, Кабаљерос Оскурос, Чоне килер, Чонерос, Ковичерос, Куартел де лас Феас, Кубанос, Фаталес, Гангстер, Катер пилер, Лагартос, Латин кингс, Лобос, Лос тибуронес, Мафиа 18, Мафиа требол, Патронес, Р7, Тигуеронес“.

Тие банди, од кои повеќето биле само улични до пред неколку години, станале крвави актери во трговијата со дрога со меѓународни врски, откако Еквадор стана главна извозна точка за кокаинот произведен во Перу и соседна Колумбија. Таа земја денес е опустошена од насилството на бандите и трговците со дрога.

Јавниот непријател број 1, лидерот на Чонерос банда од околу 8.000 луѓе, според експертите, Адолфо Мацијас, или „Фито“, избега во неделата од затвор во Гвајакил, што предизвика невидена безбедносна криза во целата земја, голем предизвик за претседателот Нобоа (36), избран во ноември минатата година со ветување дека повторно ќе воспостави безбедност.

Шефот на државата ја подвлекува во последната точка од својот указ потребата оружените сили да дејствуваат „според меѓународното хуманитарно право и со почитување на човековите права“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ