среда, 29 мај 2024

Претседателот на Црна Гора: Владата ќе одлучи за спонзорирање на резолуцијата за Сребреница

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ кажа дека црногорската влада ќе одлучи за тоа дали ќе ја спонзорира резолуцијата на Обединетите нации за Сребреница.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Милатовиќ на Цетиње по средбата со словенечката претседателка Наташа Пир Мусар кажа дека Црна Гора има јасен став за Сребреница.

„Дали владата го сменила ставот во однос на државниот став, тоа е прашање за владата“, кажа Милатовиќ.

Црногорскиот парламент во 2021 година усвои резолуција за Сребреница, во која, меѓу другото, „најостро се осудува геноцидот во Сребреница“ и се забранува „јавно негирање на постоењето или намалување на геноцидот во Сребреница“.

Минатата недела 75 црногорски невладини здруженија и 65 поединци предадоа иницијатива до владата на Црна Гора да ја спонзорира нацрт резолуцијата на ОН за сеќавање на Сребреница, но владата на премиерот Милојко Спајиќ уште не се изјаснила за таа иницијатива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ